Дома Фудбал Германија Санчо го реши дербито со Лајпциг, Баерн слави нова титула! 🎥

Санчо го реши дербито со Лајпциг, Баерн слави нова титула! 🎥

Борусија Дортмунд денес благодарение на Џејдон Санчо славеше во дербито против Лајпциг, а после оваа победа на Борусија Баерн Минхен и математички ја обезбеди титулата.

Баерн од 18:30 часот го игра натпреварот против Минхенгладбах, меѓутоа откако Лајпциг не победи баварците веќе можат да слават. За Баерн ова ќе биде деветта титула во нзиа и вкупно 31. во клупската историја.

До победата Борусија стигна со двата гола на Џејдон Санчо, а еден постигна Марко Ројс. За Лајпциг погодуваа Клостерман и Дани Олмо.

За Борусија оваа победа е од големо значење затоа што „милионерите“ го прескокнаа Франкфурт и дојдоа до четвртото место на табелата. Франкфурт својот натпревар од ова коло ќе го игра утре против Мајнц.

БУНДЕСЛИГА РЕЗУЛТАТИ: Хофенхајм – Шалке 4:2, Вердер – Леверкузен 0:0, Волфсбург – Унион Берлин 3:0, Борусија Дортмунд – Лајпциг 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Историски момент беше денес да се гледа Македонија, срцето ми е полно за Пандев“

Марио Ѓуровски како што најавивме е дел од нашиот експертски кој ги коментира натпреварите…