Дома Фудбал Останато Санчез ќе биде 11: Овие 10 фудбалери соработува и со Пеп и со Мурињо, каде беа подобри?

Санчез ќе биде 11: Овие 10 фудбалери соработува и со Пеп и со Мурињо, каде беа подобри?

mourinho guardiola

Додека ја чекаме официјалната потврда, да се потсетиме на претходниците на Алексис Санчез кои играле и за Мурињо и за Пеп Гвардиола.

Во текот на денот се очекува и официјална потврда за трансферот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед, односно Хенрик Михтаријан во Арсенал.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овој трансфер даде повод да се потсетиме на претходниците кои играле за веројатно двата најголеми тренери на денешницата. Доколку не сте знаеле до овој момент 10 играчи играа за Пеп и Жозе во последните седум години.

1.Чаби Алонсо

Шпанецот беше дел од силниот тим на Реал Мадрид кој ја освојуваше Пример пет години во низа. Подоцна премина од Реал во Баерн кај Пеп Гвардиола со кој освои три титули во Бундес лигата.

2. Златан Ибрахимовиќ

Ибра прво соработуваше со Мурињо, а после двојната круна со Интер, премина во Барса во замена за Самуел Ето и 40 милиони евра. Сепак на „Камп Ноу“ не се прослави, одигра само една сезона ја освои титулата во Примера и Светското клупско првенство, но беше во немилост кај Гвардиола, сега повторно соработува со Мурињо во Манчестер Јунајтед.

3. Сеск Фбрегас

Летото 2011 година пристигна во Барселона како најголема желба ба Пеп Гвардиола. Фабрегас одигра одлична сезона, го освои Суперкупот, шпанскиот куп и СП за клубовим а наредното лето ја напушти Барселона. Подоцна во 2014 гоидна Мурињо го доведе во Челзи и во првата сезона успеа да ја освои титулата во Премиер лигата, сепак веќе наредната сезона во декември Мурињо доби отказ.

4. Кевин Де Брујн

Дефинитивно најголемата грешка на Жозе Мурињо. Португалецот пред четири години за 22 милиони евра го пушти во Волфсбург. После само нешто повеќе од една година Де Брујн за сума од 75 милиони евра направи трансфер во Манчестер Сити и токму под водство на Гвардиола стана еден од најдобрите фудбалери на Островот.

5. Арјен Робен

Со Мурињо соработуваше во Челзи, Холанѓанецот освои две титули во Премиер лигата, а потоа следуваше трансфер во Реал Мадрид. Со Пеп во Баерн доминираше во Германија и ги освои сите можни трофеи.

6. Педро Родригез

Шпанецот беше откритие на Пеп во Барселона од вториот тим. Педро стана првотимец кај Пеп и освои три титули во Примера и Лигата на шампионите. Летото 2015 година премина во Челзи, но со Мурињо соработуваше се до зимата кога Португалецот заработи отказ.

7. Самуел Ето

Во една сезона со Гвардиола стигна до историската триплета и тоа му беше најдобрата година во кариерата. Сепак, само една година подоцна истата работа му успеа и со Мурињо во Интер. Подоцна Португалецот го доведе во Челзи, но не се прослави.

8. Едјур Гудијонсен

Беше златниот „џокер“ на Мурињо во првиот мандат во Челзи кога освои две титули. Подоцна во иста ситуација беше и кај Пеп со кој во сезоната 2008/2009 ја освои историската триплета.

9. Максвел

Под водство на Мурињо стана лев бек и ја освои титулата, пред заедно со Ибра во пакет да премине во Барса. Во Барселона исто така ги освои сите можни трофеи пред направи трансфер во ПСЖ.

10. Клаудио Пизаро

Кратко играше кај Мурињо во 2007 година, бидејќи после само неколку недели Португалецот доби отказ. Кај Пеп во Баерн никогаш не доби позначајна улога иако беше дел од шампионскиот ти,

11. Алексис Санчез

Со Пеп соработуваше една сезона, како и со Сеск Фабрегас. Освои четири трофеи, Гвардиола замина на крајот од сезоната.

Останува да видиме како ќе се снајде кај Мурињо во Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо се враќа во Европа!? Позната и следната дестинација

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, моментално настапува за …