Дома Фудбал Италија Санчез: Нема никаде да најдете друг играч како Лукаку

Санчез: Нема никаде да најдете друг играч како Лукаку

Во Интер оваа сезона пристигнаа две засилувања од Манчестер Јунајтед. Станува збор за Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, фудбалерите кои на „Олд Трафорд“ добиваа многу критики, посебно Чилеанецот.

Сега Лукаку и Санчез во црно-синиот дрес ќе се обидат да покажат дека и тоа како вредат, а Белгиецот веќе е на добар пат да стане миленик на навивачите.

Сега Санчез порача дека во Интер ситуацијата е поинаква од онаа во Манчестер Јунајтед, таа прилика ја искористи и да го пофали Лукаку.

„Никаде нема да најдете друг играч како Лукаку“, изјави Санчез за „ЕСПН“ и продолжи:

„Лукаку и јас заедно трениравме многу добро, меѓутоа мораме да играме повеќе заедно за да го покажеме најдоброто. Едноставно не беше вистинско време за нас во Манчестер. Премногу промени. Кога толку работи се менуваат, тешко е. Дали ќе функционираме добро со Лукаку тука? За тоа ќе можеме многу повеќе да зборуваме на крајот од сезоната“, порача Чилеанецот.

Ќе потсетиме, Лукаку веќе зад своето има два гола во дресот на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид без Асенсио во следните три недели

Лоши вести пристигнуваат за тимот на Реал Мадрид. Имено, Марко Асенсио поради повреда на м…