Дома Фудбал Германија Сане одби одмор, денес тренираше сам (видео)

Сане одби одмор, денес тренираше сам (видео)

Новото засливање на Баерн Минхен, Лерој Сане денес го одработи првиот тренинг во тренинг центарот на Баварците.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред неколку дена германскиот репрезентативец пристигна од Манчестер Сити за 50 милиони евра. Сане одби да замине на одмор како останатите играчи на Баерн и денес тренираше сам со кондициски тренер.

Останатите фудбалери на Баерн се на одмор уште од минатата недела после одигрувањето на последниот меч во сезоната. Сане сака да биде во форма, бидејќи ја пропушто готово цела сезона поради повреда на коленото.

Поради тоа Сане и во следните денови ќе продолжи да тренира во тренинг центарот со цел што побрзо да ја врати формата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Мурињо ги изгуби нервите по ремито: За потегот на „Специјалниот“ зборува цел Мадрид!

Жозе Мурињо не беше задоволен по ремито на неговиот тим против Фиорентина. Натпреварот зав…