Дома Фудбал Сампаоли одлучи: Аргентина против Италија и Шпанија без ѕвездата на Јувентус и човекот кој е „персона нон грата“

Сампаоли одлучи: Аргентина против Италија и Шпанија без ѕвездата на Јувентус и човекот кој е „персона нон грата“

Не е конечен, ќе биде засилен веројатно за неколку фудбалери од домашното првенство.

Се очекуваше на списокот да ги нема Паоло Дибала и Мауро Икарди кој е „персона нон грата“ кај поголемиот дел од Аргентинеците, па Хорхе Сампаоли одлучи да ја воигрува екипата за Мундијалот со следните сили.

Голмани: Ромеро, Кабаљеро, Гузман

Одбрана: Рохо, Фунес Мори, Фасио, Отаменди, Акињо, Салвио, Таљфико, Меркадо

Среден ред: Маскерано, Пардес, Лансини, Ло Селсо, Биља, Банега, Ди Марија

Напад: Меси, Агуеро, Игуаин, Пероти.

Списокот не е конечен, дополнително ќе бидат повикани уште неколку фудбалери од аргентинското првенство.

„Гаучосите“ на 23 март ќе играат пријателски натпревар против Италија на „Итихад“, а четири дена подоцна на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе се сретнат со Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чолаковски ја отвори гол-сметката, Перт ја прекина серијата порази со 4-0

Стефан Чолаковски погоди во убедливиот триумф над Аделаида Јунајтед, со кој Перт Глори сти…