Дома Топ вести Само Мбапе би бил пред него: Барселона испраќа понуда за Јовиќ!

Само Мбапе би бил пред него: Барселона испраќа понуда за Јовиќ!

Реномираниот британски медиум „Гардијан“ најави дека Барселона во наредните недели ќе ја испрати официјалната понуда за Лука Јовиќ.

Според информациите на овој медиум делегација на Барселона го следела натпреварот помеѓу Ајнтрахт и и Интер, а свој скаути Барселона имала и на вчерашниот натпревар помеѓу Србија и Германија.

Новинарот на „Гардијан“, Фабрисио Романо пишува дека Барселона е спремна да плати сума од 50 милиони евра за Јовиќ. Но, се додава дека Ајнтрахт многу веројатно ќе бара износ помеѓу 65 и 70 милиони евра.

Ако овој трансфер се реализира тогаш Јовиќ би станал вториот најскап фудбалер под 21 година. На врвот без конкуренција ќе остане Килијан Мбапе за кого Пари Сен Жермен на Монако му плати сума од 180 милиони евра.

Оваа сезона српскиот напаѓач на 36 натпревари постигна 22 погодоци.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакуларен Дејвис во победата на Лејкерси, Бјелица и Богдановиќ подобри од Дончиќ (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛА Лејкерси изминатата вечер на свој паркет ја победија Минесота со 142:125…