Пеп Гвардиола, Карло Анчелоти, Диего Симеоне и Жозе Мурињо секако се меѓу најдобрите тренери кои биле на големата сцена во последните 15 години.
Споменатите четворицa стратези заедно имаат десет европски шампионски титули и секако се меѓу најдобрите и најуспешните на сите времиња. Само двајца тренери во поновата историја на фудбалот успеале да забележат позитивни резултати против клубовите предводени од споменатите големи имиња.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од нив е Јирген Клоп кој го победи Пеп Гвардиола 11 пати, а губеше десет пати и забележа осум нерешени резултати.
Против Мурињо оствари учинок од седум триумфи, четири нерешени и два порази, а најнеуспешен беше против Карло Анчелоти. Во три наврати славеше, забележа исто толку нерешени и седум пати беше поразен.
Со Диего Симеоне, Германецот во два наврати славеше, а запиша и исто толку порази.
Покрај него, единствен кој го постигна овој голем подвиг е францускиот стручњак Бруно Џенесио, кој во својата кариера како тренер работеше на Безансон, Лион, Ренс и сега го води Лил,
Она што е интересно е што тој не беше поразен против четворицата иако одигра значително помалку натпревари од Клоп, но тоа не го намалува овој негов врвен подвиг.
Пепа Гвардиола победи во 2018 година во групната фаза од Лигата на шампионите како тренер на Лион кога францускиот тим победи на „Етихад“ против Манчестер Сити со резултат 2:1 додека во вториот натпревар беше 2:2.
Неговиот сегашен клуб Лил годинава во квалификациите за Лигата на шампионите играше против Фенербахче предводен од Жозе Мурињо од клупата, а победи во Франција со 2:1, додека во реваншот беше 1:1.
И на крајот во групната фаза од Лигата на шампионите ги победи Карло Анчелоти и неговиот Реал Мадрид со резултат 1:0 како и Диего Симеоне и Атлетико Мадрид откако синоќа славеше со 3:1.