Дома Фудбал Германија Салихамиџиќ: Средбата со Левандовски на Мајорка помина добро

Салихамиџиќ: Средбата со Левандовски на Мајорка помина добро

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ повторно ја коментираше ситуацијата околу Роберт Левандовски.

Левандовски на големо се поврзува со трансфер во Барселона, а денес се појавија информации дека до Баерн стигнала нова подобрена понуда од Каталонците. Меѓутоа и во оваа изјава Салихамиџиќ јасно го потенцираше својот став дека Левандовски според него останува.

„Дали Левандовски ќе остане? Засега останува 100%! На 12. јули ќе биде првиот ден од подготовките и го чекаме да се појави. Средбата на Мајорка помина добро, ги објаснивме позиите и се беше во најдобар ред“, изјави Салихамиџиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Бразилски новинар го критикуваше Жесус: Португеса е поголем клуб од Арсенал!

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус пред неколку дена официјално беше претставен како ново з…