Дома Фудбал Салах со порака до Реал: Имаме сметки за расчистување!

Салах со порака до Реал: Имаме сметки за расчистување!

Фудбалерите на Ливерпул имаат шанса да му се одмаздат на Реал Мадрид за поразот во финалето во Лигата на шампиони во 2018 година.

Двата тима ќе се борат за најпрестижниот трофеј и оваа година на „Стад де Франс“ во Париз на 28-ми мај.

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах веднаш после пласманот на Реал во финалето се огласи со порака: „Имаме сметки за расчистување“.

„Сакам да играм со Реал Мадрид, да бидам искрен. Сити е тежок противник со кој игравме неколку пати оваа сезона и добро се познаваме. Но јас лично повеќе сакам да играм со Реал. Причината е што загубивме од нив и сакам шанса за реванш. Се надевам дека ќе победиме“, изјави Салах веднаш после натпреварот со Виљареал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем го мерка Крупи: За напаѓачот на Борнмут се споменуваат 100 милиони фунти

Ели Жуниор Крупи се поврзува со јануарски трансфер во Тотенхем, но засега нема конкретна п…