Дома Фудбал Англија Салах се огласи за ситуацијата во Палестина и доби критики

Салах се огласи за ситуацијата во Палестина и доби критики

Капитенот на египетската фудбалска репрезентација, Мохамед Салах доби критики затоа не застана во одбрана на Палестина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Египетскиот фудбалер и член на Ливерпул, Мохамед Салах повика на крај на ситуацијата во Газа додавајќи дека хуманитарна помош во опколената палестинска област мора да има.

Првиот коментар на 31-годишниот фудбалер на оваа тема следуваше откако во Газа беше разнесена болница и загинаа повеќе од 500 луѓе, во овој момент вкупно животот го загубија над 3.000 луѓе, додека уште 12.000 биле повредени.

„Не е лесно да се зборува во вакви моменти. Имаше премногу насилство, премногу случувања кои ја заледуваат крвта и премногу бруталност“, зборува Салах во видеото кое го објави на социјалните мрежи.

Но, Салах доби и одреден број критики затоа што претходно не застана во одбрана на Палестинците. Некои критичари дури и започнуваа кампањи за луѓето да престанат да го следат на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хит сцена на Мундијалот: Му помагаше на противникот, а кога виде дека може да даде гол – го остави! (Видео)

На мечот од Мундијалот меѓу Уругвај и Зелено’ртските Острови кој заврши 2:2, но она …