Дома Фудбал Салах после повредата: Нема шанси да го пропуштам финалето!

Салах после повредата: Нема шанси да го пропуштам финалето!

Мохамед Салах вчера се повреди во финалето од англискиот ФА Куп во кој Ливерпул дојде до трофејот после подоброто изведување на пенали (6:5). Салах мораше да биде заменет во првото полувреме поради повреда.

Оваа повреда на Салах ги загрижи „црвените“ кои се „исплашија“ дека за Египќанецот сезоната е завршена и нема да игра во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид на 28. мај.

Сепак, Салах ги израдува навивачите со одлични вести.

„Се е во ред, ќе играм. Нема шанси да го пропуштам финалето“, изјави Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…