Дома Фудбал Лига на шампиони Салах: Одмаздата е во мојата глава уште од 2018 година

Салах: Одмаздата е во мојата глава уште од 2018 година

Мохамед Салах вечерва ќе има шанса да му се одмазди на Реал Мадрид за тоа што му се случи во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година.

„Кралевите“ во финалето кое се одигра во Киев ги совладаа „црвените“ со 3-1, а Салах лошо го памети овој меч. Тој по половина час ја напушти играта поради повреда на рамото што ја доби на дуелот со Серхио Рамос.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многумина веруваа дека Рамос намерно го повреди Египќанецот. Како и да е Салах вечерва ќе има нова прилика.

„Одмаздата е во мојата глава од 2018 година. Не сакам да бидам погрешно сфатен, немам лошо мислење. Реал е Реал – тие се неверојатен тим“, изјави Салах за „БТ Спорт“ пред финалето.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, исто така зборуваше за одмаздата за поразот во 2018 година.

„Го загубивме тој ден, се повреди во рана фаза од натпреварот. Сега е во многу добра форма и секој играч има различна мотивација. Тоа не му е единствената мотивација, но ние не сме го заборавиле тој натпревар. Многумина забораваат и дека Кариус се здоби со потрес на мозок“, изјави Клоп.

Финалето на Лигата на шампионите се игра вечерва од 21 часот во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…