Дома Фудбал Савиќ избран за најдобар фудбалер во Црна Гора, Јоветиќ зад него

Савиќ избран за најдобар фудбалер во Црна Гора, Јоветиќ зад него

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и репрезентативец на Црна Гора по петти пат во кариерата е прогласен за најдобар фудбалер во својата земја.

Црногороскиот фудбалски сојуз секоја година спроведува гласање, а овој пат Савиќ убедливо победи пред Стеван Јоветиќ. На првата позиција Савиќ освои 96 гласа, додека Јоветиќ беше втор со 35. На третата позиција заврши Игор Вујачиќ од Партизан со 24 гласа.

Една од главните причини за победата на Савиќ е успехот со Атлетико во Ла Лига и освојувањето на шампионската титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Љубичиќ не запира: Трет меч по ред со гол, вторпат погоди во ЛШ

Роберт Љубичиќ ја продолжи голгетерската серија во ЛАСК, а на последните седум натпревари …