Ракометната федерација на Македонија во иднина ќе има нов Комесар за натпреварување, оваа функција ќе ја извршува Благојче Тодоровски кој доаѓа на местото на Славе Николов.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Николов и РФМ спогодбено ја раскинаа соработката, а разделбата ја потврдија и од федерацијата.




„Ве информираме дека г-дин Славе Николов поради зголемен ангажман како ракометен судија на национално и меѓународно ниво спогодбено ја раскинаа соработката со Ракометна Федерација на Македонија во делот на спороведување на програмските активности, упатуваме благодарност за досегашната соработка и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера.




Согласно член 35 од Статутот на РФМ,односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации во текот на денешниот ден е именуван г-дин Благојче Тодоровски на место на г-дин Славе Николов за член на натпреварувачка комисија во рамки на органите и телата на РФМ, ракометен меѓународен судија со долгогодишно искуство на национално и меѓународно ниво“, стои во соопштението од РФМ.