Дома Трансфер зона Руски Зенит со објава за Ибрахимовиќ предизвика „земјотрес“

Руски Зенит со објава за Ибрахимовиќ предизвика „земјотрес“

После две години во МЛС, Ибрахимовиќ денес и официјално се збогува со ЛА Галакси и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со оглед на фактот што Ибрахимовиќ моментално е слободен агент, многу клубови се заинтересирани за неговиот потпис.

Шпекулациите околку неговата иднина се големи, Ибра се поврзува со голем број на екипи, а денес со интересна објава на Твитер се огласи и рускиот тим Зенит.

На својот официјален Твитер профил, тимот од Сент Петерсбург сподели објава со наслов „Каде ќе оди Златан“ и со интересно „смајли“ предизвикаа лавина од шпекулации дека Швеѓанецот може кариерата да ја продолжи во Русија.

Сепак, најголеми се шансите Ибра кариерата да ја продолжи во Серија А, каде интерес за него покажуваат Милан, Наполи и Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…