Дома Останати Руската лизгачка Камила Валиева ослободена од обвиненијата

Руската лизгачка Камила Валиева ослободена од обвиненијата

Судот за спортска арбитража во Лозана ги отфрли барањата да се суспендира руската тинејџека Камила Валиева поради позитивен  допинг тест.

Валиева го воодушеви светот станувајќи првата лизгачка во историјата која извела четирискок во олимписка конкуренција. Во тимското натпреварување на Зимските Олимписки Игри во Пекинг направи дури два, имаше обид и за трет, но падна.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


По нејзиниот настап се појави скандал откако се дозна дека користела триметазидин, лек против ангина пекторис и вртоглавица. Организаторите поради целата ситуација го одложија доделувањето на медали. Овој лек бил на листата забранети од ВАДА.

Откако Арбитражниот суд го отфрли барањето таа ќе може да го продолжи настапот во Пекинг и утре ќе се бори за златото во уметничко лизагање во индивидуална конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…