Дома Фудбал Репрезентации Руни се врати во репрезентацијата и ќе биде капитен!

Руни се врати во репрезентацијата и ќе биде капитен!

Репрезентацијата на Англија и САД утре ќе одиграат пријателски натпревар на „Вембли“, кој ќе биде и проштален на легендарниот Вејн Руни во репрезентативниот дрес.

33-годишниот напаѓач ќе биде резерва и откако ќе се појави на теренот ќе ја добие и капитенската трака од Фабијан Делф.

Саутгејт исто така потврди дека Руни на грбот ќе го носи и дресот со број „десет“.

„Зборувавме со играчите и донесовме одлука Руни да го носи дресот со број 10. Веруваме дека му прилега таква чест“, изјави Саутгејт.

Медиумите на Островот најавуваат дека во стартниот тим најверојатно ќе биде 18-годишниот Санчо, кој оваа сезона блеска во дресот на Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Холандија ја пречекува Србија во Лигата на нации

Холандија ќе се обиде да ја зацврсти својата позиција на врвот во групата А2 од Лигата на …