Дома Фудбал Останато Руни му завидува на Пирло: Би сакал да имав м*да како него!

Руни му завидува на Пирло: Би сакал да имав м*да како него!

На Европското првенство во 2012 година Италија беше подобра од Англија во четвртфиналето по подоброто изведување на пенали.

Тој пенал рулет ќе остане запаметен по паненката на Андреа Пирло. На тој пенал сега се потсети поранешниот англиски напаѓач, Вејн Руни.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Според неговата изјава Руни му завидува на храброста на Пирло во толку важен момент да се одлучи да изведе пенал на тој начин. Сепак, потенцира дека тоа не само на него, веројатно немало да му падне на памет на ниту еден друг англиски фудбалер.

„Во тие моменти се сеќавам дека си помислив, би сакал да имам м*да и ја да направам такво нешто. Но, во исто време ако било кој англиски фудбалер направи такво нешто и промаши тој не би смеел да се врати во земјата“, изјави Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хамилтон ги откри клучните потези на Ферари пред Монте Карло

Луис Хамилтон не губи време – само ден по трката во Имола, тој веќе беше во седиштето на Ф…