Дома Фудбал Англија Руни ги изненади навивачите: Го брани Тен Хаг

Руни ги изненади навивачите: Го брани Тен Хаг

Резултатската криза на Манчестер Јунајтед и проблемите на тимот на Ерик тен Хаг веќе подолго време се меѓу главните теми на Островот. Освен лошите резултати во Премиер лигата и Лигата на шампионите, тие беа елиминирани и во Лига купот од Њукасл со 3:0.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Таа тема не можеше да ја заобиколи ниту легендата на клубот од неговите најславни денови, Вејн Руни, кој денес е колега на Тен Хаг и го води тимот на Бирмингем во Чемпионшип. Руни наведува дека критиките се дел од тренерската работа, но и дека играчите треба да ја подобрат формата.

„Таква е работата и ние ја прифаќаме. Со тоа доаѓа и голем притисок. Тен Хаг знае како е да се води Манчестер Јунајтед. Не оди онака како што сите се надеваа. И играчите мора да преземат одредена одговорност. Тие не играат на нивото на кое можеат, но секогаш менаџерот е најкритикуваниот“, изјави Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Левандовски добил луда понуда како дел од предизборна кампања!

Роберт Левандовски добил договор што би му донел околу 20 милиони евра по сезона плус бону…