Дома Фудбал Останато Рудигер објави фотографија и предизвика бурни реакции

Рудигер објави фотографија и предизвика бурни реакции

Антонио Рудигер (31) дефанзивецот на Реал Мадрид и германската репрезентација, е познат и како голем муслимански верник, а сега се најде во центарот на вниманието поради една негова фотографија.

Пред две недели тој објави фотографија на социјалните мрежи како честитка за Рамазан. На него тој клекнат на колена и со показалецот од десната рака покажува кон небото.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Џулијан Рајхелт, познат и контроверзен германски новинар, тогаш на Твитер напиша дека гестот на Рудигер е поздрав за исламистите, познати како „Прстот на Исламската држава“, инаку терористичка креација. Тој додаде дека вака кренатиот прст е јасен знак за исламизам, односно за радикалните фанатици.

На ова реагираа Рудигер и Германскиот фудбалски сојуз. Играчот поднесе кривична пријава против Рајхелт до Државното обвинителство во Берлин за „навреда и лажно обвинение“, додека Федерацијата го пријави твитот на Рајхелт како „говор на омраза“ до истото тело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Затоа цела Италија е воодушевена: Погледнете ги бројките на Модриќ!

Лука Модриќ постигна голем успех во седмото коло на Серија А, оставајќи ги настаните во Ит…