Рој Макај кој играше за Баерн во периодот од 2003 до 2007 година во разговор за „Кикер“ искажа воодушевување од Роберт Левандовски.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Макај има само пофални зборови за полскиот голгетер кој во 276 натпревари за Баерн постигна 231 гол, а на „Алијанц Арената“ пристигна како слободен играч од Борусија Дортмунд.
„Комплетен е, тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Секоја година постигнува повеќе од 30 голови и напорно работи за остатокот од тимот. Можете ли да верувате дека Баерн го доведе бесплатно?“.
„Нема што многу да се каже, само погледнете ги неговите бројки и статистика. Она што го прави е фантастично“, изјави Макај.
Левандовски серијата голови ја продолжи по продолжувањето на германското првенство кога изминатиот викенд погоди во победата на Баерн од 2:0 над Леверкузен.