Дома Фудбал Германија Ројс се врати после 259 денови: Не одигравме најдобро, но важни се бодовите

Ројс се врати после 259 денови: Не одигравме најдобро, но важни се бодовите

Во последниот натпревар на Борусија Дортмунд во Бундес лигата на теренот после долга пауза се врати Марко Ројс.

Борусија во 22 коло од германското првенство го совлада Хамбург со 2:0 и така ја запиша својата 500 победа на домашен терен во Бундес лигата во натпреварот во кој Ројс се врати на теренот, а повторно стрелец беше Батшуаи.

„Не одигравме најдобро. Но, во ваква ситуација најважно е редовно да освојуваме бодови“, изјави Ројс кој заигра после 259 денови.

После првото полувреме без голови прво Батшауи го постигна својот трет погодок на вториот натпревар во дресот на Борусија, за победата да ја потврди Марио Геце во судиското продолжение.

„Среќни сме што победивме, тоа ни носи малку мир и тишина“, изјави тренерот на Борусија Петер Штегер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…