Дома Фудбал Италија „Росонерите“ се засилуваат на сите позиции, доведуваат поранешен судија!

„Росонерите“ се засилуваат на сите позиции, доведуваат поранешен судија!

Поранешниот италијански судија, Андреа Ромео, после завршувањето на кариерата пронајде нова работа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, медиумите во Италија денес објавија дека Ромео имал состанок со управата на Милан и наскоро тој ќе добие една од функциите на „Сан Сиро“. Овој поранешен судија ќе биде тим менаџер во тимот на „Росонерите“.

Интересно е што Ромео неодамна истата функција ја извршуваше во градскиот ривал на Милан, екипата на Интер, кога на генерален директор на „нероаѕурите“ беше Марко Фасоне кој денес е директор во Милан.

Официјалната потврда, би требало да се добие за неколку дена кога ќе се договорат сите услови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати стартните состави за големото финале

Познати се стартните состави на Шпанија и Аргентина за најважниот натпревар на турнирот. К…