Дома Фудбал Италија Роналдо ќе го напушти Јувентус доколку биде казнет!?

Роналдо ќе го напушти Јувентус доколку биде казнет!?

Главна тема во италијанските медиуми е скандалот кој го направи Кристиано Роналдо за време на дербито со Милан викендов.

Португалецот беше изваден од игра во 54-та минута, а тој демонстративно го напушти теренот без да се поздрави со тренерот. Притоа, медиумите известија дека го напуштил стадионот пред да заврши мечот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Тоа е против клупските правила на Јувентус, па било кој друг фудбалер да го направеше ова сигурно ќе добиеше жестока казна, но не и Кристиано Роналдо.

Роналдо моментално е со португалската репрезентација и во клубот се надеваат дека до неговото враќање ситуацијата ќе се смири. Тогаш сигурно ќе има состанок помеѓу Роналдо и Сари, на кој ќе присуствуваат и Килеини и Буфон.

Медиумите во Португалија тврдат дека Роналдо е разочаран од ситуацијата во клубот бидејќи во претходните клубови беше и тоа како заштитен.

Роналдо веќе размислува да го напушти Јувентус, а таквата ситуација сака да ја искористи Манчестер Јунајтед и да го врати Португалецот на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…