Дома Фудбал Репрезентации Роналдо ја реши Русија: Му требаа 8 минути за да обезбеди победа за Португалија

Роналдо ја реши Русија: Му требаа 8 минути за да обезбеди победа за Португалија

Првата ѕвезда на португалскиот фудбал Кристијано Роналдо и донесе победа на својата селекција во дуелот против Русија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На средбата од 2.коло на Купот на Конфедерации што се одржува во Русија, селекцијата на Португалија го совлада домаќинот Русија со 1:0, благодарение на голот кој го постигна Кристијано Роналдо уште во 8.минута од натпреварот.

Со осоените три бора актуелните европски шампиони Португалците го презедоа лидерското место во А групата со вкупно 4 бодови, еден повеќе од Русија, додека по нив следуваат Мексико со 1 и Нов Зеланд без освоен бод.

Токму овие две селекции Мексико и Нов Зеланд вечерва од 20 часот ќе го одиграат вториот натпревар од оваа група.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Сејдини излезе од притвор, откако дал гаранција од 1,15 милиони евра

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, ќе …