Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо ја започнува ЛШ со 14 гола предност пред Меси

Роналдо ја започнува ЛШ со 14 гола предност пред Меси

Вечерва стартува новата сезона од најелитното европско натпреварување – Лигата на шампиони.

Пред самиот почеток весникот „АС“ потсети на најдобрите голгетери во историјата на ова натпреварување. Лидер е Кристиано Роналдо со 126 гола, а потоа следува Лео Меси кој 112 пати ја тресел противничката мрежа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интересно е што Меси го постигна првиот гол во ЛШ пред Португалецот, односно во 2005 година против Панатинаикос.

Роналдо првиот гол го постигна дури во 2007 година во дресот на Манчестер Јунајтед против Рома во четвртфиналето. Со дресот на Реал Мадрид Португалецот постигна неверојатни 105 гола за девет сезони.

Трет на вечната листа е Раул со 71 гол, кој долго време беше најдобар стрелец се додека не пристигна ерата на Роналдо и Меси.

Најдобрите стрелци во ЛШ:

1. Кристиано Роналдо – 126 гола

2. Лионел Меси – 112

3. Раул – 71

4. Карим Бензема – 60

5. Руд ван Нистелрој – 56

6. Роберт Левандовски – 53

7. Тиери Анри – 50

8. Алфредо ди Стефано – 49

9. Златан Ибрахимовиќ – 48

10. Андреј Шевченко – 48

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чави објасни зошто одлучил да остане во Барселона

Oд Барселона потврдија дека Чави Ернандез ја сменил одлуката и ќе остане тренер на каталон…