Oфицијално најдобриот фудбалер во светот и најголемото засилување за Јувентус ова лето Кристиано Роналдо со себе во Торино ќе си донесе една неверојатна машина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за изум кој вреди огромни два милиони евра и кој е направен од НАСА. Прецизно кажано НАСА оваа направа ја дизајнираше за своите астронаути, па подоцна беше дозволено и медицински да се користи.
Споменатата машина содржи посебна опрема, односно церада која се затвара, а играчот влегува, по што тој има чуство како да лебди бидејќи му ја намалува тежината за 70%.
Машината служи за разни вежби за опоравување, како и за одреден вид на тренинзи. Во видеоото под текстот можете да видите како функционира.