Дома Фудбал Роналдо: Со години зборувам дека Бензема ја заслужува „Златната топка“

Роналдо: Со години зборувам дека Бензема ја заслужува „Златната топка“

Поранешниот голгетер на Реал Мадрид, Назарио Да Лима ги следи настапите на Карим Бензема оваа сезона кој игра фантастично и постигна четири гола во мрежата на Челзи во период од шест дена.

Бразилецот нема дилеми кој ја заслужува „Златната топка“ оваа година. 35-годишниот Французин игра одличен фудбал и го реши двомечот со Челзи. Сега Роналдо порача дека долго време зборува дека токму Бензема треба да го добие престижното признание.

„Бензема ја заслужува Златната топка. Со години го зборував тоа и бев критикуван, но тој дефинитивно ја заслужува“, порача Роналдо.

Со голот против Челзи во првото продолжение Бензема стигна во редот на петмина играчи кои постигнале седум или повеќе голови во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…