Дома Фудбал Роналдо се враќа во Европа!? Позната и следната дестинација

Роналдо се враќа во Европа!? Позната и следната дестинација

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, моментално настапува за Ал Наср, но има индиции дека би можел да ја напушти Саудиска Арабија веќе следната сезона.

Португалецот би можел да се врати таму каде што се започна во Спортинг Лисабон, кој го направи ѕвезда.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Оваа информација ја пренесе новинарот од Саудиска Арабија, Алхаза Мутаб. На Ал Наср не му оди најдобро од доаѓањето на Роналдо, барем резултатски.

Ја загубија борбата за титулата во домашното првенство, а останаа и без Купот, бидејќи во полуфиналето беа елиминирани од Ал Хилал. Од друга страна, на Спортинг му оди одлично оваа натпреварувачка година.

Имено, тимот од Лисабон моментално е на првото место во португалскиот шампионат со четири бода повеќе од второпласираниот Порто на осум кола до крајот. Ова сигурно би предизвикало големо воодушевување кај навивачите на Спортинг, бидејќи тие би можеле уште еднаш да го видат Роналдо во дресот на нивниот омилен клуб.

Кристијано оваа сезона за Ал Наср постигна 42 гола на 43 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави потврди: Неговата иднина во Барселона е неизвесна!

Сезоната заврши за Барселона, но изгледа дека турбуленциите се уште не поминале. Сеуште не…