Дома Фудбал Репрезентации Роналдо, Ромарио, Зико, Кафу, Кака…Многу бразилски легенди не се појавија на погребот на Пеле

Роналдо, Ромарио, Зико, Кафу, Кака…Многу бразилски легенди не се појавија на погребот на Пеле

Повеќе од 250.000 луѓе беа дел од погребната церемонија во која Бразил и Сантос се простија од Пеле.

На настанот се појавија уметници, државници и фуѕдбалски великани, сепак бразилските медиуми забележаа дека многу бразилски фудбалски легенди не беа присутни. Зико, Ромарио, Кака, Роналдињо, Нејмар…Не се појавија во Сантос.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мауро Силва беше единствениот член на бразилскиот тим кој го освои Светското првенство во 1994 година кој присуствуваше на погребот на Пеле. Скоро сите фудбалери кои станаа светски шампиони во 2002 не дојдоа во Сантос.

Медиумите ги интересираше зошто е така, па успеаа да добијат одговор од Ривалдо и Кафу.

„Не бев во Бразил, но дури и да бев таму не сум сигурен дека ќе присуствував. Свесен сум за големината на Пеле, беше најдобар на сите времиња, но не ги сакам таквите моменти“, објасни Ривалдо.

Кафу во 2002 година ја носеше капитенската лента.

„За жал немав можност да присуствувам на богослужбата затоа што бев на другиот крај на светот поради работа“, изјави Кафу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…