Дома Фудбал Роналдо постави слика и стана мета на жестоки критики!

Роналдо постави слика и стана мета на жестоки критики!

Португалецот Кристиано Роналдо после долгата сезона конечно пронајде време за одмор.

После настапот на Купот на Конфедерациите со селекцијата на Португалија, Роналдо го дочека одморот и сега заедно со своето семејство и пријателите  ги полни батериите за новата сезона која наскоро ќе започне.

Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието после објавувањето на слика на популарната социјална мрежа, Инстаграм. Имено, Португалецот постави слика со неговиот пријател, а беше мета на критики поради описот за кој многумина сметаат дека е расистички.

„Совршена комбинација. Бела и црна чоколада“, напиша Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Габала на Беќири му го затвори патот до врвот на Карабах

Јетон Беќири ја водеше Габала до реми без голови против Карабах. По првенствената и куп-по…