Дома Фудбал Роналдо после спектакуларната победа испрати порака за Кралевите

Роналдо после спектакуларната победа испрати порака за Кралевите

Португалецот Кристијано Роналдо одигра неверојатен натпревар против Атлетико Мадрид.

Иако после првиот натпревар, кој Атлетико го доби со 2:0, многумина не веруваа дека Јуве може до пл асман понатаму, но Бјанконерите на крилата на Роналдо ја надокнадија предноста и се пласираа во следната фаза.

После натпреварот, Роналдо, очекувано, блескаше од среќа. Помеѓу другото го сруши и најголемиот ривал на Реал, клуб за кој играше претходните десет години.

„Им праќам прегратки на сите кои Реал им е во срцето.“ – порача Роналдо.

Навивачите на Реал и денеска го обожаваат Роналдо, а после синоќешната партија, нема сомнеж дека уште повеќе ќе биде миленик во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка го урна Велс: Халанд стави точка, Белами остана на дното

Норвешка славеше со 3-1 во Осло, а Велс веќе не може да избега од последното место во груп…