![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2018/04/big_1522735773-ronaldo-pravi-novi-problem-perezu-i-real-madridu-850x491.jpg)
На сите е јасно дека Реал Мадрид ова лето и тоа како ќе биде активен на трансфер пазарот, а шпанските медиуми веќе подолго време шпекулираат околу тоа кој би можел да дојде на Сантијаго Бернабеу.
Повеќе од сигурно е дека кралскиот клуб ќе донесе барем едно засилување во нападот, бидејќи во последно време не се задоволни од играта на Карим Бензем. Флорентино Перез верува дека Хари Кејн е вистинското решение во нападот за овој тим, но тоа мислење не го дели Кристијано Роналдо.
ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓
Наводно, португалскиот фудбалер му порачал на Перез да не го донесува Кејн и да му даде уште една шанса на Бензема. Покрај самиот врв на нападот се очекуваат и засилувања на крилните позиции и средниот ред. Познто е дека Нејмар е најголемата желба на Кралевите, а она што е најбитно за Перез е дека за тој трансфер има зелено светло од Роналдо.
Како што пренесува шпански Спорт, Перез сака да направи нов Галактикос, но јасно е дека ќе мора да продаде неколку играчи. Наводно, претседателот Перез сериозно размислува на трансфер листата, помеѓу останатите, да се најдат Герет Бејл, Лука Модриќ и Кејлор Навас.