Дома Фудбал Останато Роналдо и Сари го одржале првиот состанок: Каде ќе игра Роналдо и какви идеи има Сари…

Роналдо и Сари го одржале првиот состанок: Каде ќе игра Роналдо и какви идеи има Сари…

Откако неколку дена се најавуваше денес Маурицио Сари и Кристиано Роналдо го имаа првиот состанок, пренесуваат медиумите во Италија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Состанокот наводно бил одржан на приватната јахта на Роналдо, а освен Сари и Роналдо на состанокот присуствувал и директорот на Јувентус, Фабио Партичи.

„Разговорот помина многу добро. Роналдо разговараше со Сари најмногу за фудбалот и идеите кои ги има Сари. Исто така Сари го интересираше на која позиција би сакал Роналдо да игра“, изјави добро известениот новинар Капалди и додаде:

„Роналдо на тоа му одговорил дека не му е толку важно каде ќе игра, но дека тоа би се вклопувало со замислите на Сари би сакал да остане на позицијата лево крило“, заврши Капалди.

Според информациите Сари сака да изгради екипа кој ќе се темели на пас играта, а не на сила.

Останува да го почекаме почетокот на сезоната и да видиме како идеите на Сари ќе бидат спроведени на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси во „војна“ со Манчестер јунајтед и Астон вила за искусен напаѓач

Англиските гиганти Челси и Манчестер јунајтед водат голема борба за потписот на српскиот г…