Дома Фудбал Останато Роналдо и Меси одбиле иста понуда од Саудиска Арабија

Роналдо и Меси одбиле иста понуда од Саудиска Арабија

Саудиска Арабија била спремна да плати милионска сума за промоција на земјата преку Кристиано Роналдо и Лионел Меси, но двете фудбалски ѕвезди ги одбиле милионите.

Роналдо добил понуда да биде главен лик во промоцијата на кампањата за туризмот во оваа земја. Според информациите на Португалецот му биле понудени шест милиони евра годишно, но тој ја одбил понудата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Иста понуда добил и Лионел Меси, а за жалост на Саудијците и одговорот на Аргентинецот бил ист како на Роналдо.

Како што се наведува главната причина што Роналдо и Меси ја одбиле понудата е што не сакаат да имаат ништо со земја која многу често е критикувана за кршење на најосновните човекови права.

Сега луѓето од Саудиска Арабија сигурно ќе се обидат да пронајдат нова ѕвезда, а се шпекулира дека следен кој ќе добие или можеби веќе добил понуда е Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ваква асистенција не се памети: Асистенција на голманот на Њукасл вчера во ЛШ беше чудесна! (Видео)

На вчерашната вечер од Лигата на шампионите, љубителите на фудбалот уживаа во спектакуларн…