Дома Фудбал Италија Роналдо: Екипа како Парма е многу тешко да се победи

Роналдо: Екипа како Парма е многу тешко да се победи

Јувентус синоќа пред своите навивачи ја победи Парма со 2:1 во натрепвар од 20. коло во Серија А.

Старата дама успеа со многу напор да стигне до трите бода, па го искористи киксот на Интер за да го зацврсти своето место на првата позиција. Херој на Јувентус беше Кристијано Роналдо кој ги постигна двата гола и покажа дека е во одлична форма.

По натпреварот, Португалецот изјави дека ова е многу важна победа за неговиот тим и дека не очекувал толку голем отпор од Парма во Торино.

„Ова беше важна победа. Знаевме дека Интер одигра нерешено и беше важно да направиме некоја предност. Беше тешко бидејќи Парма организирано се бранеше и такви екипи е тешко да се победат. Сепак, на крајот заслужено славевме.“ – изјави Роналдо и додаде:

„Парма на крајот вршеше притисок со долги топки во шеснаесетникот и моравме да се браниме, но најважно е што ги освоивме трите бода.“

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатна грешка на Ноер за која долго ќе се зборува (видео)

Баерн Минхен го пречекува „фенерџијата“ Падерборн и на полувремето резултатот е 1:1. Домаќ…