Дома Фудбал Италија Роналдо дал свој предлог за наследник на Алегри?

Роналдо дал свој предлог за наследник на Алегри?

0

Aлегри си замина, а Португалецот наводно има идеја кој би можел да го наследи.

После пет успешни сезони, Јувентус се раздели со Масимилијано Алегри.

Италијанскиот стратег на крајот на сезоната ќе го напушти клубот, освои пет Скудета во низа, четири Купа на Италија, а играше и две финалиња во Лигата на шампионите.

Сепак, клубот донесе одлука да не ја продолжат соработката, па сега се очекува да се види кој ќе биде новиот стратег на „старата дама“.
Во медиумите се појавија повеќе потенцијални имиња како Дешам, Покетино, Конте, Михајловиќ...Денес италијанските медиуми пренесуваат дека свој предлог имал и Кристиано Роналдо.

Според медиумите на „Чизмата“ Роналдо дал предлог на клупата да седне сегашниот тренер на Наполи, Карло Анчелоти со кого соработуваше во Реал Мадрид.

Доколку се случи Анчелоти да седне на клупата на Јувентус тоа за него би било враќање на клупата на „старата дама“ на која седеше од 1999 до 2001 година.

Сепак, ова во овој момент изгледа како нереална опција пред се затоа што Анчелоти има договор со Наполи кој има желба да ја прекине доминацијата на Јувентус и сигурно пуштањето на тренерот во Торино не би било добро за нив.

Останува времето да покаже дали од ова може да има нешто или пак само станува збор за медиумска шпекулација.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видео: „Црвената армија“ на Клоп незапирлива, неверојатен пресврт на Арсенал

Големото дерби на „Стенфорд Бриџ“ му припадна на Ливерпул, кој продолжува со максималниот …