Дома Фудбал Рома се пофали: Започнува изградбата на велелепниот стадион! (видео)

Рома се пофали: Започнува изградбата на велелепниот стадион! (видео)

Раководството на Рома денес објави дека добило „зелено светло“ за изградбата на нов стадион!

Клубот од Рим се навева дека новиот стадион со капацитет од 55.000 седишта ќе биде готов за почетокот на сезоната 2020/21.

„Среќен сум поради оваа вест, зошто знам колку е ова значајно за Рим, за нашиот клуб и за нашите фанови. Ние сакаме да изградиме свој дом, кој нашите фанови го заслужуваат“, изјави претседателот Палота.

Во моментов Рома го користи „Олимпико“ кој го дели со градскиот ривал Лацио, меѓутоа двата клуба плаќаат наем на општината.
Новиот стадион ќе биде изграден во регионот „Тор ди Вале“, помеѓу аеродромот „Леонардо Да Вничи“ и центарот на Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Костакурта удри по Милан: По дербито со Интер, европски студен туш

Поразот од Ференцварош со 0-2 го остави Милан на 28. место во Лига Европа, а Алесандро Кос…