Дома Трансфер зона Рома прави изненадувачки трансфер: Го ангажира екс играчот на Сити

Рома прави изненадувачки трансфер: Го ангажира екс играчот на Сити

Слободниот агент Џек Родвел денеска треба да пристигне во Рим за да ги помине лекарските прегледи и да потпише за екипата на Рома, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рома се соочува со голем број повредени фудбалери, па поради тоа се одлучи на овој изненадувачки потег.

Некогашниот голем талент на Евертон своевремено направи трансфер во Манчестер Сити, каде кариерата му почна во надолна линија, а потоа играше за Сандерленд и Блекбурн.

Родвел во моментов е слободен агент, па доколку ги мине лекарските прегледи во Рим ќе потпише договор со „волчицата“.

Според „Кориере дело Спорт“ Англичанецот најверојатно ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција да биде продолжен на уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…