Дома Македонски спорт Мак фудбал Рома на Твитер го пофали македонскиот третолигаш: Осогово е тим на денот!

Рома на Твитер го пофали македонскиот третолигаш: Осогово е тим на денот!

0

Осогово од Кочани е тим на денот според официјалниот „Твитер“ профил на италијанскиот гигант Рома.

Англиската верзија на профилот на Твитер на Рома често објавува иронични и шеговите статуси, но и секојдневно бира „тим на денот“, а денес изборот падна токму на македонскиот третолигаш Осогово.

„Рома твитер тим на денот е ГФК Осогово, клуб од третата лига во Македонија. Формиран во 1924 година, клубот е од Кочани, град со само 35.000 жители. Еден од најактивните клубови на твитер во Македонија, целта на Осогово е да игра во првата лига до својот 100-ти роденден“.


Следете го Sportski.mk и на


Ова секако е голема чест и промоција за Осогово, кој на одличен начин ги користи социјалните мрежи и промоцијата преку нив.

Иако е третолигаш, клубот од Кочани дефинитивно е најактивен на социјалните мрежи и има голем број на следбеници, па може да им биде пример на многу поголеми клубови во Макединија.

За тоа колку македонските клубови посветуваат внимание на социјалните мрежи и кој, колку следбеници има може да прочитате ОВДЕ.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Видео: Во соблекувалната грми „Македонија, Македонија“

Вечерва Македонија и Словенија одиграа 1:1 во рамките на квалификациите за ЕП 2020. Ова за…