Без оглед што се смири со тренерот Фонсека, на лето Един Џеко готово сигурно ќе ја напушти Рома.
„Волчицата“ веќе бара замена за 35-годишниот напаѓач, а прва мета е ѕвездата на Бенфика, Дарвин Нуњес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
21-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.
Бенфика во септември за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, па Рома сигурно ќе треба да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис.
Нуњес оваа сезона има постигнато 12 гола на 32 настапи и го привлече вниманието на многу европски клубови.