Дома Трансфер зона Рома добила понуда за Џеко од Премиер лигата, но сака двојно повеќе?

Рома добила понуда за Џеко од Премиер лигата, но сака двојно повеќе?

Крајот на сезоната се поблиску, а со крајот на сезоната доаѓа и летниот преоден рок, поради тоа во медиумите има се повеќе гласини за иднината на голем број фудбалери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од фудбалерите кои ова лето би можеле да ја променат средина е босанскиот напаѓач од редовите на Рома, Един Џеко. Договорот на Џеко со Рома има важност до 2020 година и засега најави за продолжување на истиот нема.

Италијанскиот „Скај Спорт“ денес пренесува дека на адреса на Рома за Џеко пристигнала понуда од Премиер лигата вредна 10 милиони евра. Потенцијален трансфер во Премиер лигата за Џеко ќе значи враќање на Островот каде што го носеше дресот на Манчестер Сити.

Меѓутоа како што наведуваат новинарите на „Скај“ оваа понуда за Џеко не ги задоволила апетите на челниците на Рома кои сакаат двојно повеќе, односно најмалку 20 милиони евра.

„Скај Спорт“ не открива за кој италијански клуб станува збор, но познато е дека претходно Џеко кога во прашање се клубовите од Премиер лигата се поврзуваше со трансфер во редовите на Евертон и Вест Хем, додека на Апенините беше желба на Интер.

Ќе потсетиме, дополнителна причина за заминувањето на Џеко може да биде скандалот и жестокиот судир кој го имал со Стефан Ел Шарави на полувремето во натпреварот со СПАЛ кога двајцата фудбалери биле блиску до физичка пресметка. (тука)

https://www.youtube.com/watch?v=UaieeYgQKCQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…