Дома Фудбал Романците се жалат: Теренот за игра во Скопје е ужасен!

Романците се жалат: Теренот за игра во Скопје е ужасен!

Maкедонија утревечер од 20:45 часот го игра натпреварот против Романија во квалификациите за Светското првенство.

После двата нерешени натпревари со Ерменија и Исланд потребна ни е победа за да останеме во игра за второто место во групата.

Пред натпреварот романските новинари ја посетиле Арената „Тодор Проески“ и како што пишуваат воопшто не се задоволни од условите за игра.

„Теренот е во очајна состојба. Тревата не е рамномерна секаде, пред головите нема трева, туку земја“, пишуваат Романците.

Објавија и неколку фотографии од теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ги одби забелешките на Звезда: Пеналот во Лугано бил оправдан

Судиската комисија на УЕФА ја поддржа одлуката за спорниот пенал во финишот од дуелот со Л…