Дома Трансфер зона Романо тврди: Играчот на Ајакс се договори со Барселона

Романо тврди: Играчот на Ајакс се договори со Барселона

Иако се чинеше дека ќе се пресели во Баерн, утрово стигна вест дека потпишува за Барселона.

Станува збор за Сержињо Дест, кој според новинарот Фабрицио Романо договорил соработка со Каталонците до јуни 2025. година и трансферот ќе биде потврден во следните неколку часа.

Дест игра на позицијата десен бек и има само 19 години, а претходно со добрите игри во дресот на Ајакс го привлече вниманието на големите великани Баерн и Барселона.

Не се познати финансиските детали, но претходно Ајакс бараше помеѓу 15 и 20 милиони евра. Тој доаѓа како замена за Нелсон Семедо кој потпиша за Волвс, а негов главен конкурент за стартните 11 ќе биде Серхи Роберто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гатузо: Нов договор? Сакам да се чувствувам слободен

Тренерот на Наполи Џенаро Гатуз, до крајот на годината, ќе го продолжи договорот со клубот…