Дома Фудбал Останато Родри за првпат се огласи за снимката во која го провоцира Винисиус

Родри за првпат се огласи за снимката во која го провоцира Винисиус

Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер сити, Родри беше прогласен за најдобар фудбалер во светот на овогодинешната церемонија за „Златната топка“.

Бурни реакции во јавноста предизвика потегот на неговиот најблизок конкурент Винисиус Жуниор кој со својот клуб не се појави во Париз. Родри важи за скромен фудбалер кој не сака да се истакнува, но по доделувањето на престижната награда се појави снимка со која испрати мала провокација кон Бразилецот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Родри во еден момент додека во позадина одеше хитот „Bella Ciao“ ги замени зборовите и го изговараше името на Винисиус.

Сега за првпат јавно ја коментираше таа снимка.

„Луѓе, морате да сфатите дека тоа е здраво ривалство. Беше тоа приватна забава. Како да ставиме камери кај секој од нас дома…Не покажав непочитување, туку само ривалство. Го почитувам Винисиус“, изјави Родри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Беше еден од најдобрите во Интер, сега го чека пауза до пролет

Дензел Дамфрис, одбранбениот играч на Интер, беше подложен на хируршка интервенција во Лон…