Дома Фудбал Родригез изненади со изборот на број во Евертон

Родригез изненади со изборот на број во Евертон

Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез вчера и официјално стана играч на Евертон.

Хамес после шест години одлучи да го напушти Реал Мадрид и многумина изненади со одлуката кариерата да ја продолжи во Евертон. За него интерес покажаа Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но одлучувачки беше повикот на Карло Анчелоти.

Евертон вчера официјално потврди дека Хамес е нивни играчи и потпиша договор на две години со опција истиот да се продолжи на уште една.

Реал Мадрид заработи 25 милиони евра. Ќе потсетиме тие за него за платија 75 милиони евра пред шест години.

Родригез изненади и што се реши да го носи дресот со број 19. „Десетката“ е веќе зафатена. За 19-ката се реши затоа што тоа е првиот број кој го носеше во професионалниот фудбал во тимот на колумбискиот Евигадо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти го состави Бразил за ноември: Тројца повикани од Серија А

Карлос Аугусто, Весли и Лукас Пери се најдоа на списокот на Бразил за пријателските дуели …