![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2023/08/Screenshot_3-20-850x491.jpg)
Роберто Манчини неодамна поднесе оставка од селекторската позиција на Италија, која ја водеше од 2018 година, а веднаш потоа најде нов ангажман и стана тренер на Саудиска Арабија.
Манчини ќе добива околу 30 милиони евра годишно и најверојатно паричната понуда била причина поради која реши да се пресели во богатата земја.
ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓
„Возбуден сум што доаѓам во Саудиска Арабија. Чест ми е да ја предводам оваа селекција. Сакам да му се заблагодарам на претседателот Јасер Ал Мисехал за понудата. Го прифатив овој возбудлив проект и сакам да помогнам во развој на фудбалот во оваа земја. Верувам дека оваа задача е исто така признание за важноста на италијанскиот фудбал“, кажа Манчини.