Дома Фудбал Роберто Карлос за споредбите со Лук Шо: Не сакам да ме споредувате

Роберто Карлос за споредбите со Лук Шо: Не сакам да ме споредувате

Репрезентативецот на Англија Лук Шо одигра одличен натпревар против Украина, а после овој дуел многумина го споредуваа со бразилската легенда Роберто Карлос.

Овие споредувања стигнаа и до самиот Карлос, па новинарите го запрашаа тој да каже нешто на оваа тема.

Карлос не сакаше премногу да зборува.

„Не сакам споредувања. Станува збор за комплетно два различни периоди. Јас имав свој период, тој сега има свој. Можеби има сличности со неговата сила и желбата за победа“, изјави Карлос.

Споредба со помеѓу Карлос и Шо, направи и напаѓачот на Англичаните, Хари Кејн кој на својот соиграч му даде прекар „Шокарлос“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус ќе чека подолго? Јилдиз би можел да заигра дури во 2027 година

Закрепнувањето на Кенан Јилдиз оди побавно од планираното, а според „Ла Стампа“, неговиот …