Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Ристевски: Украина ќе игра агресивно, ќе дадеме 100% да ги израдуваме нашите навивачи

Ристевски: Украина ќе игра агресивно, ќе дадеме 100% да ги израдуваме нашите навивачи

Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт

Вчера репрезентацијата на Македонија беше поразена од Австрија со 3:1 во нашиот дебитантски натпревар на едно Европско првенство. Кире Ристевски кој вчера не настапи денес зборуваше за медиумите.

„Не е лесно да се следи од клупата, по химната се наежив, емоциите веднаш надвладеаа. За жал секејторот одлучи да бидам на клупата. Натпреварот го видов добро, соиграчите одиграа еден солиден натпревар. Секако јас бев спремен, штета е што изгубивме, бевме доста добри, се надевам дека во следните дуели ќе бидеме и подобри. Околу дуелот со Украина можам да ветам дека ќе дадеме 100% за да ги израдуваме навивачите кои дојдоа во Букурешт. Очекувам Украина да биде агресивна, тие се слична репрезентација како Австрија. Следуваат анализи за овој дуел и ќе видиме што како за анализите со селекторот. Треба да бидеме спремни на борба и агресивност“, порача Ристевски.

Натпреварот со Украина го играме во четврток во 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

18-годишно момче направи сензација во Токио🎥

18-годишниот Тунижанец Ахмед Хафнауи ја креираше една од најголемите пливачки сензации во …