Дома Фудбал Останато Рио го постигна последниот гол за „шефот“ на „Олд Трафорд“, а Видиќ го прашал: Човеку, знаеш ли што направи пред малку!? (ВИДЕО)

Рио го постигна последниот гол за „шефот“ на „Олд Трафорд“, а Видиќ го прашал: Човеку, знаеш ли што направи пред малку!? (ВИДЕО)

Прославениот англиски фудбалер, Рио Фердинанд се потсети на еден од поважните моменти во неговиот престој на „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фердинанд голем дел од кариерата помина играјќи во стоперски тандем со Немања Видиќ во дресот на Манчестер Јунајтед. Токму Рио и Немања беа дел од последниот натпревар на домашен терен на легендарниот Сер Алекс на клупата на Јунајтед.

Тоа беше натпревар против Свонси кој „црвените ѓаволи“ го добија со 2:1. Фердинанд постигна гол за 2:1 во 87. минута, прв за него после пет години.

„Се сеќавам дека седев покрај Видиќ во соблекувалната по натпреварот и тој ми кажа: Рио, дали знаеш што направи пред малку? Го постигна последниот гол за шефот на „Олд Трафорд“…Тоа е историја човече!„“, се потсети Фердинанд со објавено видео од тој гол.

Таа сезона Јунајтед на Фергусон ја освои титулата шампион, а во последното коло „црвените ѓаволи“ одиграа 5:5 на гостувањето кај ВБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голманот на Парагвај искрено: Го гаѓав Мбапе затоа што не му пружи рака (Видео)

Иако селекцијата на Јужна Америка успеа да ја изненади Германија со својата цврста игра ко…